Најдобриот тенисер во моментов во светот, Енди Мареј, рутински ја мина и третата рунда на Австралија Опен славејќи во три сета, со 6-4,6-2,6-4 против Американецот Сем Квери.
Мареј до триумфот стигна за нешто повеќе од два часа игра, а во осминафиналето ќе се сретне со Миша Зверев кој беше подобар од Тунижанецот Малек Џазири со 6-1,4-6,6-3,6-0.
Изминатиот ден во Мелбурн мина без поголеми изненадувања. Жо-Волфред Цонга му препушти на Сок само еден сет, но може да се каже дека очекувано лесно стигна до победата со 7-6,7-5,6-7,6-3.
Станислас Вавринка, пак, во четири сета беше подобар од српскиот тенисер Виктор Троицки победувајќи со 3-6,6-2,6-2,7-6, па четвртиот носител во Австралија сега во осминафиналето ќе игра против Италијанецот Андреас Сепи кој беше подобар од Белгиецот Стив Дарцис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.