Снежна лавина која синоќа делумно го срушила и го затрупала хотелот „Ригопијано ди Фариндола“ кој се наоѓа на планинскиот масив Гранд Сасо во Италија, заробила во објектот околу 30 луѓе, а заради силината на лавината се стравува дека повеќето од нив загинеле.
Три тела се извлечени досега од хотелот, изјавија претставници на италијанската полиција, јави ДПА. Италијанската агенција АНСА објави дека „има многу мртви“, повикувајќи се на главните луѓе од екипите за спасување. Хотелот делумно се урнал под налетот на снег, а двајца луѓе кои биле најдени пред него биле пренесени на безбедно.
Хотелот делумно се урнал под налетот на снег, а двајца луѓе кои биле најдени пред него биле пренесени на безбедно. Локалните портали јавила дека од хотелот стигнала порака во која гостите повикале помош и рекле дека „ќе умрат од студ“.
Сведоците за АНСА рекле дека лавината била со неверојатна сила за таа област, а итните служби биле известени за несреќата од страна на двајца посетители кои престојувале во хотелот.
Тие рекле дека околу 20 гости биле регистрирани во моментот на инцидентот, а внатре имало и непознат број на вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот