| четврток, 6 декември 2018 |

Косово побара од САД и ЕУ осуда на „српските провокации“

­

хогај

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај им се обратил писмено на неговите колеги во Европската унија, САД и на други земји за да ги осудат „многубројните акти на провокација и агресија“ од страна на Србија.

Според извори од Владата, Хоџај ја повикал ЕУ, која е посредник во дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина да ја повика Србија „да се придржува кон добрососедските односи“, јави БТА. Односите меѓу Србија и Косово се влошија минатиот викенд, откако српски воз, на кој имало српски национални симболи и написи „Косово е Србија“ беше вратен од косовската граница. Косово прогласи независност во 2008 година, но Србија не ја признава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top