Осумнаесетгодишниот Стојан Василев од Гевгелија е најсреќниот меѓу петнаесетината млади момчиња кои во осветената вода на реката Вардар се пуштија по чесниот крст на денешниот богојавленски собор, на кој присуствуваа повеќе од илјада граѓани.
– Првпат учествувам и многу сум радосен што веднаш ми се посреќи да го фатам чесниот крст. Мојата радост и вербата во Бога со своите другари ќе ја пренесам во сите христијански домови во Гевгелија, рече Василев.
Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов му ја честиташе радоста на Стојан Василев на кого му подари лаптоп и му посака многу здравје и среќа во животот. Фармацевтската компанија „Зегин“ на гевгелискиот славодобитник му подари телевизор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот
-
Најсрамните моменти од Водици во Македонија (видео)
-
Бугарин го фати крстот во Гевгелија