| четврток, 6 декември 2018 |

Почина новороденче во Виница

Вчера во 07.20 часот во полициската станица ОН-Виница, дежурен лекар од Итната медицинска помош телефонски пријавил дека во куќа во с.Истибања, сопственост на К.П, во која како потстанари живееле С.Ц. и Ц.Ј. починало нивното бебе – новороденче родено на 13 јануари годинава.

Екипата на Брзата помош виничката болница излегла на местото на настанот и од извршениот лекарски преглед констатирана била смрт без траги на насилство.

Од страна на увидна екипа од НК КР-Виница бил извршен увид, при што било констатирано дека вчера  во утринските часови таткото на починатото бебе забележал дека новороденчето не дава знаци на живот и било помодрено по телото.

По наредба на јавен обвинител над телото на бебето ќе се врши обдукција во институтот на судска медицина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top