Вчера во 07.20 часот во полициската станица ОН-Виница, дежурен лекар од Итната медицинска помош телефонски пријавил дека во куќа во с.Истибања, сопственост на К.П, во која како потстанари живееле С.Ц. и Ц.Ј. починало нивното бебе – новороденче родено на 13 јануари годинава.
Екипата на Брзата помош виничката болница излегла на местото на настанот и од извршениот лекарски преглед констатирана била смрт без траги на насилство.
Од страна на увидна екипа од НК КР-Виница бил извршен увид, при што било констатирано дека вчера во утринските часови таткото на починатото бебе забележал дека новороденчето не дава знаци на живот и било помодрено по телото.
По наредба на јавен обвинител над телото на бебето ќе се врши обдукција во институтот на судска медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.