Бобан Павловски од Охрид успеа меѓу стотината учесници прв да стигне до крстот во водите на Вардар, што на пладне од мостот кај „Холидеј ин“ го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
- Сите да скокаат за здравје – порача среќниот охриѓанец.
Павловски на сите им посака среќа и бериќет, а по повод фаќањето на крстот доби икона, златник и други подароци.
На чинот на положувањето на крстот во Вардар присуствуваа премиерот Емил Димитриев и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Пред големиот број граѓани г.г. Стефан порача дека верските празници треба да не потсетат како живееме и како постапуваме кон себе и кон другите, да ги измијат сите лоши мисли и да донесат духовно освежување за да можеме да создаваме дела достојни на нашето човечко и христијанско постоење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.