| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец го фати крстот во Скопје

Бобан Павловски од Охрид успеа меѓу стотината учесници прв да стигне до крстот во водите на Вардар, што на пладне од мостот кај „Холидеј ин“ го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

  • Сите да скокаат за здравје – порача среќниот охриѓанец.

Павловски на сите им посака среќа и бериќет, а по повод фаќањето на крстот доби икона, златник и други подароци.

На чинот на положувањето на крстот во Вардар присуствуваа премиерот Емил Димитриев и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Пред големиот број граѓани г.г. Стефан порача дека верските празници треба да не потсетат како живееме и како постапуваме кон себе и кон другите, да ги измијат сите лоши мисли и да донесат духовно освежување за да можеме да создаваме дела достојни на нашето човечко и христијанско постоење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top