Во натпревар од осминафиналето на Купот на Италија, одигран на „Олимпико“ во Рим, фудбалерите на Лацио славеа победа против Џенова со 4-2, и се пласираа во четвртфиналето. На вчерашниот натпревар за гостите од првата минута настапи и нашиот Горан Пандев и ги одигра сите 90 минути.
Од самиот почеток фудбалерите на Лацио го диктираа темпото, а како резултат на таквата игра стигна и голот за 1-0, кој го постигна Ѓорџевиќ во 20. минута. Само осум минути подоцна шанса од пенал да зголеми имаше Андерсон, но биеше непрецизно. Во 31. минута Лацио преку Ходт поведе со 2-0. Сепак фудбалерите на Џенова не се предаваа и по головите на Пиниља во 41. и нашиот Пандев во 45. минута, на одмор заминаа со 2-2.
По паузата се играше рамноправно и без многу шанси, а во таквата игра фудбалерите на Лацио се чини го решија натпреварот во 5 минути. Најпрво во 70. минута водство од 3-2 донесе Милинковиќ-Савиќ, а конечните 4-2 ги постави Имобиле во 75. минута. Со постигнатиот гол на денешниот натпревар, нашиот Пандев стигна до бројката од 4 гола во Купот на Италија.
Во четвртфиналето фудбалерите на Лацио ќе се сретнат со тимот на Интер, кој дури по продолженијата ја совлада Болоња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)