| четврток, 6 декември 2018 |

МКФ додели признанија: Костоски најдобар кошаркар во сениорска категорија, Антиќ најдобар интернационалец за 2016

kostoski

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денес на пригодна свеченост ги прогласи најдобрите за изминатата, 2016 година. Главни лауерата на вечерта се Александар Костоски, кој е избран за најдобар кошаркар во сениорска категорија, додека кај интернационалците тоа признание го понесе Перо Антиќ.

За најдобар млад играч награден е Ненад Димитријевиќ, додека за најдобра кошаркарка признанието го доби Нена Трајчевска. За тим на годината во машка конкуренција е избран МЗТ Скопје, додека во женска тоа е екипата на Бадел.

Сите наградени и категори во македонската кошарка за 2016 година:

Млада кошаркарка: Матеа Николиќ

Млад кошаркар: Ненад Димитријевиќ

Женска екипа во младинска категорија: Бадел 1862

Машка екипа во младинска категорија: Вардар

Најдобар судија: Игор Митревски

Интернационалец: Перо Антиќ

Тренер во женска младинска екипа: Анета Глигорова

Тренер во машка младинска екипа: Ѓорѓи Кочов

Женска екипа во сениорска конкуренција: Бадел 1862

Машка екипа во сениорска конкуренција: МЗТ Скопје

Тренер во женска конкуренција сениорки: Перо Стамески

Тренер во машка конкуренција, сениори: Александар Јончевски

Најдобра кошаркарка во сениорска категорија: Нена Трајчевска

Најдобар кошаркар во сениорска категорија: Александар Костоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top