Младиот напаѓач на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, откри дека бесценето е влијанието на најголемата ѕвезда на “Олд Трафорд”, Златан Ибрахимовиќ и додаде дека помладите фудбалери мора да учат од Швешанецот се додека е дел од Јунајтед.
Шведскиот интернационалец има договор до крајот од актуелната сезона, но голема е веројатноста дека ќе остане во Манчестер и во следната сезона.
– За младите играчи е бесценето да го видат неговиот карактер и неговиот приод кон секој натпревар. Некои играчи не го носат тоа со себе кога ќе направат трансфер. Мораме да научиме од него додека е тука, изјави Рашфорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.