Катица Јанева донесе уште една срамна и безобразна одлука за да го спаси нејзиниот штитеник, Зоран Заев, истакна Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Вељаноски.
Вообичаено, Катица Јанева срамните одлуки ги носи пред празник, надевајќи се дека празниците ќе го покријат нејзиното партиско и политичко постапување.
Истото го направи во декември 2014-та година, кога го ослободи од притвор Зоран Верушевски. Истото го направи и денеска, ден пред православниот празник Водици.
Специјалното јавно обвинителство е партиски огранок на СДСМ/Сорос.
Катица Јанева не е обвинител кој работи независно и согласно закон, туку по наредбите на Зоран Заев и нарачателите од странство.
Ова се факти кои досега им беа познати на сите.
Од денеска Катица Јанева влегува во нова улога. Таа и СЈО почнуваат да го бранат и прикриваат криминалот.
Со денешната одлука да го повлече обвинението за предметот „Пуч“ Катица Јанева застана зад обвинетите Заев и Верушевски кои се обидоа да ја заобиколат волјата на народот и без избори, со уцени со незаконски стекнати и монтирани материјали, да се дограбат до власт. Катица Јанева го игнорираше и признанието на еден од обвинетите кој го опиша злосторничкото здружение на Верушевски и Заев и веќе ја издржува затворската казна. Катица Јанева ја игнорираше и скајп комуникацијата меѓу обвинетите во која што најавуваа крв по улиците и украинско сценарио.
Катица Јанева со денешната одлука потврди дека основната задача на СЈО не е расчистување на скандалот со незаконското прислушување туку вклучување во политичката битка. Основната задача на СЈО беше да ги расчисти кривичните дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Со денешната одлука СЈО целосно се делегитимираше и самото се откажа од основната функција за која што е формирано.
Веќе немаме никакви дилеми дека СЈО е партиски огранок на СДСМ и дека не постои никаква натамошна причина за негово постоење во правниот систем.
Од денеска Зоран Заев е криминалец кој е аболициран по втор пат.
Народот на 11-ти декември одлучи дека е време да се стави крај на кризата и ја порази деструктивната политика на Зоран Заев. На 11-ти декември народот одлучи дека не сака да биде воден од аболицирани криминалци и дека Зоран Заев, како и сите граѓани мора да одговараат пред надлежните органи.
Катица Јанева го заштити Зоран Заев од криминална одговорност за случајот „Пуч“, но доаѓа денот кога тој ќе мора да се соочи со правдата.
Инаку денеска Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за предметот во јавноста познат како „Пуч“, во кој како осомничени се јавуваат и Заев и Верушевски. Оттаму појаснуваат дека донеле ваква одлука затоа што обвинителниот акт е во спротивност со доказите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.
– Ова јавно обвинителство со поднесок, кој во текот на денешниот ден ќе биде доставен до Основниот суд Скопје 1, се откажа од обвинителниот акт за предметот познат во јавноста како „Пуч“ од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“, соопшти денеска СЈО.
Оттаму рекоа дека ваквата одлука е донесена со цел да се прибават дополнителни докази, кои целосно ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување правилна и законита јавнообвинителска одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)