Италијанскиот десничар Антонио Тајани синоќа е избран за нов претседател на Европскиот парламент, соопшти претседателот во заминување, Мартин Шулц. Шеесет и тригодишниот Тајани е избран во четвртиот и последен круг од гласањето, со просто мнозинство од 351 глас, додека неговиот противкандидат и сонародник, социјалистот Џани Питела, освои 282 гласови од европратениците.
Новиот претседател на Европарламентот доаѓа од редовите на Европската народна партија, каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ. Тајани е досегашен потпретседател на Европската народна партија, а претходно бил еврокомесар за индустрија и претприемаство, како и европски комесар за транспорт.
Обраќајќи се пред европските пратеници, Тајани порача дека ќе ги почитува сите политички групи, а својата победа ја посвети на жртвите на катастрофалниот земјотрес што минатата година го погоди централниот дел на Италија, како и на жртвите на тероризмот.
Пред неколку месеци, Тајани беше во посета на ВМРО-ДПМНЕ, а во сите свои обраќања го користеше уставното име на Република Македонија. За време на посетата се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и беше говорник на трибината организирана од ВМРО-ДПМНЕ.
Двајцата соговорници, информираа тогаш од владејачката партија, дискутирале за исполнување на стратешките цели во насокa на исполнување на евроатланските интегративни процеси, актуелната политичка состојба и разгледување на можностите за интензивирана соработка. Соговорниците изразиле заложба за продолжување на соработката и во рамките на Европската Народна Партија која ја подржува ВМРО-ДПМНЕ.
-Сите во Италија ја знаат Македонија, поради Александар Македонски, поради Филип Македонски кои што се навистина популарни кај нас. Без Александар не би ја имале Европа затоа што тој бил првиот кој што ја спречил инвазијата што доаѓала од Иран, од тие земји и затоа сакаме да му се заблагодариме на Александар што ги зацврстил европските граници. Но, исто така тука е и Мајка Тереза, рече Тајани.
Новиот претседател на ЕП рече дека важно е за Европа да ја има Македонија во Европската унија, да ја има Макеоднија во НАТО.
-Важна е вашата вклученост против илегалната имиграција и генерално против имиграцијата, изјави Тајани на трибината што во февруари минатата година ја организираше ВМРО-ДПМНЕ посветена на економијата, инфраструктурата и претприемништвото. За да се постигнат целите, рече Тајани, потребна е стабилност во Европа и во Македонија.
Тајани додаде дека има позитивен став за напредокот што го постигнала РМ за да го исполни копенхашкиот договор.
– На економско ниво Македонија е на вистинскиот пат, макроекономските трендови се позитивни, растот на БДП е стабилен и порасна по жител во изминатите години, а позитивната макроекономска околина е поддржана со сеопфатна монетарна политика и добри услови за влезови на пазарите. Сметам дека ситуацијата денес е многу подобра во споредба со претходните години. Оваа стабилност и овозможува на земјата да има добра економија, невработенста опадна во изминатите години, но се уште е многу висока и достигнува 28 проценти. За жал, тоа е така, но Македонија работи на намалување на невработеноста и на вработилвоста на младите луѓе, додаде Тајани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)