| четврток, 6 декември 2018 |

Сме живееле во заблуда со години: Конечно, дојде крај на ригорозните диети

„Нашиот тесен поглед на исхраната и тежината како единствен феномен и губење на енергијата и нашето неразбирање на микробите е основна причина за грозниот неупсех на нашите диети и совети на нутриционистите. Зголемената промоција на користење на диети кои забрануваат многу намирници и се темелат на исклучиво неколку јадења ќе доведе до редукција на микробите и со тоа и до лошо здравје“ вели професорот

Нашиот тесен поглед на исхраната и тежината како едноставен феномен на внесување и губење на енергијата и нашето неразбирање на микробите е основна причина за неуспехот на нашите диети и советите на нутриционистите.

„Јадете најамлку пет оброци на ден овошје и зеленчук. Оброците нека бидат составени од компир, ориз, тестенини и други јаглехидрати. Јадете млечни производи, но бирајте ги оние со малку шеќер и масти. Избегнувајте храна која содржи масти, сол и шеќер и конзумирајте во мали количини“. Ова го пишува во Водичот за здрава храна на британскиот завод за јавно здравје. Ова сигурно сте го чуле безброј пати. Поголемиот дел од жителите на развиениот свет знаат дека масното не чини, а маслиновото масло е добро за здравјето, треба да се избегнува шеќер и се што е масно, слатко, солено и …вкусно.

Што е исправно?

Никогаш човештвото немало толку многу информации за „исправниот“ начин на исхрана и истовремено толку проблеми поради исхраната, без разлика дали станува збор за дебелината која станува епидемиија, потоа алергиите и интолеранцијата на храна. Постојано се читаат совети за диети, а додека растеше индустријата за диети паралелно растеше и обемот на половината на Американцците. Британската диетална индустрија се врти околу две милијарди фунти годишно! Дури 48 отсто од Британците се обидуваат да ја намалат тежината. Британската популација денес е трипати подебела отколку во 1980 година. Богатите земји, кои се и најдебели се најмногу заинтересирани за контролираната, здрава исхрана, а сега се јавува ново движење кое е во зародиш и можно е да стане нов, глобален тренд. Тешко е да се каже каде почна, но еден од неговите ветерани е Грејшот Спа, во зелената англиска покраина Суреј. Таму се наоѓа здравствено одморалиште чија цел е да им помогне на луѓето со потешкотии со системот за варење на храната.

Главна нутриционистка е Стефани Мур, чија теза гласи: Ако твојот систем за варење на храната не функционира добро, тогаш не можеш да се чувстуваш добро“.

Супа од коски

Во здравственото одморалиште има ред. Ред консултации, ред вежби, потоа оброк, консултации, вежби, вежби…Ова не е место каде што се гладува. Мур е голема поборничка на супата од коски која ја смета за евтин, но природен и ефикасен начин за одржување на здравите зглобови. Хит-намирница е кисела зелка и со неа почнува секој оброк. Се елиминираат алкохол, млечни производи, кофеин и пченицата од исхраната. Но, Мур советува исхрана полна со животински протеини и масти – црвено месо, сланина и домашен јогурт. Не е нужно да се вежба, смета Мур. Поважно е да добро да се спие. Оваа формула четири години носи резултати. Пациентите си заминуваат полни со енергија, со низок притисок и холестерол и значително помалку килограми. Добри резултати покажале и оние кои имаат дијабетес и артритис.

Значи накратко: Она што во последните 50 години ни го сервираат нутриционистите и националните здравствени програми е погрешно! Немасната храна не само што не е здрава, туку е и лоша, а намалување на внесот на калориите не резултира секогаш со губење на килограмите. Ова е тема на книгата „Диетален мит“ на професорот Тим Спектор, научник на угледниот лондонски „Кингс колеџ“ кој тврди дека со препорачната исхрана ги „убиваме“ микробите во нашето тело кои се векови беа невидливи, но есенцијални за нашата физиологија. Разноликоста на микробите во нашето тело денес е помала за 30 отсто од пред 50 години.

„Нашиот тесен поглед на исхраната и тежината како единствен феномен и губење на енергијата и нашето неразбирање на микробите е основна причина за грозниот неупсех на нашите диети и совети на нутриционистите. Зголемената промоција на користење на диети кои забрануваат многу намирници и се темелат на исклучиво неколку јадења ќе доведе до редукција на микробите и со тоа и до лошо здравје“ вели професорот.

Спектор предупредува дека недостатокот на микробите е една од причините за зголемениот број на ментални болести, како што се аутизмот и депресијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top