| четврток, 6 декември 2018 |

Заев повторно амнестиран: СЈО го амнестираше за „Пуч“

Очекувано, Катица Јанева продолжи со скандалозното и срамно однесување кое нема врска со право и правда и го повлече обвинението за предметот „Пуч“ во кое еден од обвинетите е лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според СЈО, поднесокот денеска ќе биде доставен до Кривичниот суд.

Катица Јанева и СЈО откако претходно го ослободија од притвор Зоран Верушевски, сега тргнаа да го извлекуваат и Заев. „Специјалките“ објаснуваат дека се откажуваат од обвинението бидејќи обвинителниот акт бил во спротивност со наводните докази кои обвинителството ги собрало во истражните постапки за предметите „Таргет“ и „Тврдина“, иако јавноста имаше прилика да види со свои очи како Заев уценува со снимките со цел да предизвика промена на власт.

zoran-zaev-nikola-gruevski-56e0a4cac26ae371df63c01a78826a23_view_article

„Појаснуваме дека, во насока на професионално работење, ние не може да застапуваме обвинителен акт кој е во спротивност со доказите со кои располагаме и истрагите отворени од наша страна. Воедно укажуваме дека со откажување од обвинителниот акт во предметот „Пуч“ ние не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавувани во фазата на главна расправа.“ – стои во соопштението на СЈО, обвинителството кое се стекна со репутација на партиска испостава на СДСМ и тројански коњ во правниот систем контролиран од други центри на интерес.

PUC-ZAEV-VERUSEVSKI-730x480

Скандалозната и срамна одлука на СЈО не е ништо неочекувано за оние кои го следеа судскиот процес. Заев практично и не се појави во судница наоѓајќи разно разни апсурдни и комични оправдувања за одложување на рочиштата, бегајќи од соочувањето со правдата. За цело време вршеше и притисок врз судот нарекувајќи го контролиран од раката на власта, кога вистината е спротивна: токму тој во координирана акција со СЈО бега од лицето на правдата, односно е спасуван и извлекуван како што е тоа случај и сега во оваа втора амнестија за Заев.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци најави дека овој процес ќе добие ваков епилог, бидејќи како што изјавија, СЈО е само продолжена рака на СДСМ, па оттука, не треба да се очекува дека Катица Јанева да води предмети против Зоран Заев.

hqdefault

Ова не е единствениот кривичен предмет кој се води против лидерот на СДСМ. Оној од кој Јанева не може да го спаси е преметот “Поткуп“ каде Заев е снимен во акција одобрена од Судот, како бара поткуп од бизнисмен во Струмица. И во овој процес Заев бегаше од појавување на рочишта лажејќи дека имал средби и состаноци со италијанскиот амбасадор баш во терминот за појавување на суд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top