| четврток, 6 декември 2018 |

Од јапонска гледна точка: Светилиште на градници во будистички храм (ВИДЕО)

 

Храм, кој се наоѓа североисточно од Токио, беше затворен поради многу случаи на измама, односно лажни предвидувања на судбината и оттогаш е претворен во изложбен простор во кој се организираат перформанси кои предизвикуваат големи полемики во јавноста.

Скандалозната слика од овој уметнички центар потсетува на зграда напуштена по нуклеарна хаварија, а како што пишуваат јапонските весници, „изгледа како да го презел сериски убиец“.

Оние кои ги бранат необичните изложби, како оваа со градниците, велат дека будистите ги посматраат работите помирливо и наоѓаат оправдување за сѐ, така што нема ништо лошо во тоа што се сквернави храмот.

Секако, повеќето коментираат дека ваквата „уметност“ претставува навреда за религијата и срам за културата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top