Мајами му нанесе изненадувачки пораз на Хјустон, победувајќи го со 109-103. Словенецот Драгиќ со 21 поени беше прво име кај домаќините, а кај „ракетите“ не помогнаа ниту 40 поени на Џејмс Харден. „Брадата“ реализира „трипл-дабл“ 40 поени, 12 скока и 10 асистенции, но залудно кога ниту еден негов соиграч не беше на висината на задачата.
Кошаркарите на Торонто Репторс го совладаа Бруклин Нетс со 119-109 во еден од петте НБА натпревари во текот на ноќта. Демар ДеРозан постигна 36, а Кори Џозеф беше автор на 33 поени.
Бруклин е во неверојатна „црна“ серија од 11 натпревари по ред со порази и не се радувале од 26 декември. Брук Лопез постигна 28 поени за „мрежичките“, а Крис Леверт и Рондеј Холис-Џеферсон додадоа по 14 поени.
Голема гостинска победа извојува и тимот на Денвер, кој славеше во „Стејпл центарот“ против Лос Анџелес Лејкерс со 121-127. Србинот Јокиќ со 29 поени беше прва „виолина“ во победничкиот табор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)