| четврток, 6 декември 2018 |

Биолошката мајка на Захара, ќерката на Џоли: Те молам, дозволи ми да разговарам со ќерка ми!

Дванаесет години откако Анџелина Џоли го посвои девојчето Захара, нејзината биолошка мајка Ментеваб Давит Лебисо повторно сака да се поврзе со ќерката.

Во интервјуто кое таа го дала за „Дејли мејл“ Лебисо изрази надеж дека можеби ќе разговара со ќерка си која имала шест месеци кога Анџелина ја посвои во Етиопија.

3C2C9A7500000578-4124360-image-a-36_1484669648688

– Само сакам да знаe дека сум жива, дека сум овде и дека сакам да разговарам со неа. Не ја сакам назад ќерка ми, само сакам да бидеме во контакт, да може да ја побарам и да разговарам со неа. Анџелина и е повеќе мајка отколку што јас некогаш сум и била. Со мене беше кога беше бебе, но тоа не значи дека не ми недостига. Ми недостига цело време. На неа мислам секој ден. Знам кога и е родеднен, но тажна сум бидејќи не може заедно да славиме родендени и други денови – изјави Лебисо.

3C2C9C6100000578-4124360-image-a-31_1484569736782

Истакнала дека Анџелина на Захара и пружила живот каков што таа никогаш не би можела и дека нејзината ќерка пораснала во убава жена. Исто така, ја замолила Анџелина да и помогне да разговара со ќерка и.

– Сите во еден момент ќе умреме, а пред тоа, сакам мојата ќерка да знае за мене и за семејството кое го има овде во Етиопија. Ја молам Анџелина да ми овозможи разговор со неа. Мислам дека не барам многу – рече Лебисо.

3C2C9CE900000578-4124360-image-a-35_1484569755087

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top