Дванаесет години откако Анџелина Џоли го посвои девојчето Захара, нејзината биолошка мајка Ментеваб Давит Лебисо повторно сака да се поврзе со ќерката.
Во интервјуто кое таа го дала за „Дејли мејл“ Лебисо изрази надеж дека можеби ќе разговара со ќерка си која имала шест месеци кога Анџелина ја посвои во Етиопија.
– Само сакам да знаe дека сум жива, дека сум овде и дека сакам да разговарам со неа. Не ја сакам назад ќерка ми, само сакам да бидеме во контакт, да може да ја побарам и да разговарам со неа. Анџелина и е повеќе мајка отколку што јас некогаш сум и била. Со мене беше кога беше бебе, но тоа не значи дека не ми недостига. Ми недостига цело време. На неа мислам секој ден. Знам кога и е родеднен, но тажна сум бидејќи не може заедно да славиме родендени и други денови – изјави Лебисо.
Истакнала дека Анџелина на Захара и пружила живот каков што таа никогаш не би можела и дека нејзината ќерка пораснала во убава жена. Исто така, ја замолила Анџелина да и помогне да разговара со ќерка и.
– Сите во еден момент ќе умреме, а пред тоа, сакам мојата ќерка да знае за мене и за семејството кое го има овде во Етиопија. Ја молам Анџелина да ми овозможи разговор со неа. Мислам дека не барам многу – рече Лебисо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред