Според истражувањата во Универзитетската болница во Падова, во последните 60 години просечната должина на пенисот е смалена за 10 проценти. Нашите дедовици имале просечна должина од 9,7 сантиметри, додека нивните внуци на располагање имаат само 8,9 см.
Авторот на истражувањето Карло Форест, вели дека ова е одговор на еволуцијата на современиот, нездрав стил на живот. Како главна причина тој го наведува загадувањето на животната средина и нејзиното влијание на лачење на хормони.
Во оваа студија учествувале 2000 луѓе, на возраст од 19 години и кај сите се покажало дека нивниот пенис е пократок, а рацете и нозете подолги.
Докторите од Клиника Мејо, пак, тврдат дека најголем број на мажи кои го зголемуваат пенисот имаат просечна должина, но не сакаат да се помират со тоа. Според клиниката, просечната должина на пенис е 7,6 до 10,2 сантиметри во опуштена состојба и 12,7 до 17,8 во ерекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.