Хормоналната инјекција за мажи е новина во машката контрацепција, а е резултат на 20-годишно испитување спроведено во САД.
Се состои од комбинација на синтетски машки и женски хормони, односно тестостерон, прогестерон и естроген кои се делумно хемиски модифицирани.
Таа дава резултат во 96 отсто од случаите, а има контрацепциско дејство во следните осум недели откако ќе се прими.
Инјекцијата доведув до супресија односно намалување на концентрацијата на клетките на спермата кај мажите и поради тоа има контрацепциско влијание.
Овој метод, тестиран на 270 мажи не ја уништува спермата, туку ја намалува поради што бременоста сепак е можно. За време на испитувањето четири партнерки од 270 испитаници забремениле користејќи ја оваа метода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.