| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија има сифилис

Во пораст се сексуално преносливите болести во Македонија. Само летото, официјално, во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се евидентирани повеќе од 100 заболени. Повеќето имале хламидија, а се регистрирани и случаи со гонореја, херпеси и со сифилис. Според дерматовенеролозите, по сидата, сифилисот е најсериозен од оваа група заболувања, а може да биде и фатален.

-Во четвртиот стадиум сифилисот може да зафати многу органи. Задолжително медицински се третира и партнерот на заболениот – изјави д-р Лидија Башевска, специјалист дерматовенеролог во Здравствен дом Скопје.

Лекарите потенцираат дека најдобра превенција е користењето заштита при сексуалниот однос.

-Македонија е на дното во Европа според користењето контрацепција. Истражувањата покажуваат дека орална контрацепција употребуваат само пет проценти од жените, а кондоми користат 36 отсто од младите, што е далеку од европскиот просек каде што кондоми користат дури 70 проценти од младата популација.

Голем дел од македонските средношколци не слушнале за контрацепција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top