Косовскиот премиер Иса Мустафа апелира на смиреност во односите меѓу Приштина и Белград по „вербалната војна“ што изби меѓу двете држави изминатиот викенд, јави Гласот на Америка (ВОА).
Мустафа во интервју за Гласот на Америка (ВОА) на албански јазик одговори на коментарите на српскиот претседател Томислав Николиќ, кој изјави дека Србија е подготвена да испрати војска во Косово за да ги заштити Србите. Неговата изјава следуваше откако во саботата беше спречен возот, на кој пишуваше „Косово е Србија“, да влезе на косовска територија. Мустафа изјавата на Николиќ ја оцени како неодговорна и како закана не само за Косово, туку и за цел Балкан.
– Ние не сакаме да одговориме на заканата со ист јазик. Нас нѐ интересира да живееме во добрососедски односи со Србија – посочи Мустафа.
ВОА наведува дека американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави, на „Твитер“ изразил загриженост поради возот и повика на „воздржаност на сите страни“, истакнувајќи дека меѓу Белград и Приштина е потребна „нормализација, а не конфронтација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Била втора жена на богаташ, ја тепал за време на бременоста, ќерка и имала рак: Која е жената со која Мустафа ја замени Емина?
-
Конечно ја преболe Емина: Мустафа објави фотографија со новата девојка
-
Се разведоа за 15 минути, после една деценија брак: По разделбата, се огласи и Мустафа!
-
Тргна на лошо: Мустафа и задава ниски удари на Емина!