| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство во Сарај

Вчера околу 20.30 часот е убиен човек пред кафуле во скопската населба Сарај.

Неофицијално, убиството се случило по претходна расправија меѓу З.Ѓ. и Ш.Л. поради нерасчистен сметки. Кавгата почнала во кафуле, во близина на џамијата што се наоѓа на патот кон Љубин. Во еден момент, З.Ѓ. го напуштил местото, а по десетина минути се вратил и го застрелал Ш.Л. со неколку куршуми во телото.

Полицијата веднаш го уапсила З.Ѓ..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top