| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона понуди 20 милиони евра за „пола“ Нејмар, Сантош ја одби понудата

Каталонскиот гигант Барселона понуди 20 милиони евра за да го ангажира бразилскиот фудбалски феномен Нејмар, но неговиот клуб Сантош ја одби понудата. Интересно е што Барса бараше да има право на 55 проценти од правата во договорот со Нејмар, а таквиот договор не му одговара на Нејмар.

– Не ни одговара таквата понуда од Барселона и Нејмар останува во Сантош до 2014 година – вели Одилјо Родригез, потпретседателот на Сантош. Интерес за ангажман на бразилскиот репрезентативец има и од Реал Мадрид, но и „кралскиот клуб“ засега е далеку од договор со Нејмар.

Во последно време во фудбалот стана тренд клубовите да го делат уделот во договорите со играчите. Во таква ситуација беше и нашиот репрезентативец Пандев кога настапуваше во Лацио. Клубот поседуваше 50 проценти од договорот, а останатата полвина беше во сопственост на Интер, кој ги продаде правата на Удинезе, во замена за Давид Пизаро. Потоа лацијалите ги откупија дополнителните 50 проценти од Удинезе, и Пандев комплетно беше нивни играч. Сложено, но функционира на фудбалската берза, па токму таква беше понудата на Барселона испратена до Сантош за Нејмар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top