| четврток, 6 декември 2018 |

ФФМ денеска донираше спортска опрема за 115 младински школи

ffm

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 115 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.

– Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат – истакна Драган Иванов од ФК Силекс.

oprema ffm

Координаторот на младинските категории во ФК Брегалница, Драган Христовски вели дека донацијата на спортска опрема е од големо значење за клубовите.

– Реално помош во вид на доанција е од огромно значење за сите екипи. Особено за ФК Брегалница, каде младите категории не влегуват во системот на спонзорирање – истакна Христовски.

– Голема благодароност до Фудбалската федерација на Македонија. Грижата за младите фудбалери е основа за светла перспектива на секоја екипа. Донираната опрема и фудбалските топки се голема помош за сите нас, а ние како екипа ќе продолжиме да се грижиме за младите фудбалери и ќе бидеме фокусирани на талентите – рече и Суљо Алијовски од ФК Шкупи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top