| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка пред Прилеп: Четворица тешко повредени префрлени во Ургентен во Скопје

soobrakajna

Tешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Градско – Прилеп во близина на селото Фариш, јави „Канал 5“.

Четири лица  се  потешко  повредени во  директен  судир  на  џип  марка  „киа“  со  охридска регистарска табличка и автомобил марка „ситроен“ со битолска регистрација.

Полесно повредено е уште едно лице кое по укажаната помош во кавадаречката болница е пуштено на домашно лекување додека поради здобиените повреди, потешки скршеници на главата, телото и екстремитети, четворица патници од двете возила веднаш се пренесени  во ургентнниот центар во Скопје, јавува „Канал 5“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top