Tешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Градско – Прилеп во близина на селото Фариш, јави „Канал 5“.
Четири лица се потешко повредени во директен судир на џип марка „киа“ со охридска регистарска табличка и автомобил марка „ситроен“ со битолска регистрација.
Полесно повредено е уште едно лице кое по укажаната помош во кавадаречката болница е пуштено на домашно лекување додека поради здобиените повреди, потешки скршеници на главата, телото и екстремитети, четворица патници од двете возила веднаш се пренесени во ургентнниот центар во Скопје, јавува „Канал 5“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.