По прераната смрт на познатиот британски музичар Џорџ Мајкл, кој почина на 25 декември минатата година, светските медиуми му оддаваа чест на различни начини, меѓу кои и со одлични преработки на неговите најпознати хитови. Токму тоа го направи и австралиски „Њуз“, кој направи листа од најдобрите и најлошите преработки на Џорџ Мајкл, а меѓу најдобрите се најде и нашиот легендарен Тоше Проески.
На оваа листа се и Мајкл Бубле, Мараја Кери, Тори Ејмос и Кери Андервуд, а Проески е дел од неа благодарение на одличната изведба на „Jesus to a Child“. Целата листа можете да ја погледнете овде, а со изведбата на Тоше и групата „Арија“ можете да уживате во продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)