Во среда, (18 јануари) Македонската опера и балет ќе го изведе популарното оперско дело на Големиот Волфганг Амадеус Моцарт, „Дон Џовани“. Во нашата најнова изведба диригент ќе биде маестро Џанлука Мартиненги од Италија, кој е инаку шеф диригент во Македонската опера и балет за оваа сезона. Во претставата преовладуваат гости-солисти од Италија, татковината на операта. Во улогите ќе ги видиме и слушнеме:
Дон Џовани: Лука Дел’ Амико (Италија), Лепорело: Роберто де Кандиа (Италија),
Комендаторе: Александар Стефановски, Дона Ана: Благица Поп-Томова, Дон Отавио: Џорџо Труко (Италија), Дона Елвира: Злата Тошевска / Николина Јаневска, Церлина: Гонца Богоромова и Мазето: Васко Здравков.
-Очекуваме врвна изведба на ова оперско ремек дело и се надеваме, дека и Вие ќе бидете дел од спектаклот, велат од МОБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.