Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со многу напор мина во 2. коло на Австралија опен откако славеше на стартот против Јeжи Јановиц од Полска дури во пет сета.
Полјакот првите два сета ги доби во своја полза со 4-6,4-6, а потоа Чилиќ се враќаше во следните три добивајќи ги со 6-2,6-2,6-3.
Во втората рунда очекувано се пласираше и првиот светски рекет Енди Мареј, кој со 7-5,7-6,6-2 беше подобар од Украинецот Марченко.
Со сериозен напор понатаму продолжува и Кеи Нишикори. Петтиот тенисер во светот со 3-2 во сетови го совлада Русинот Кузњецов, но играше далеку од нивото на својата игра.
Од останатите дуели победи славеа и Цонга над Монтеиро со 3-1, Сок го совлада Херберт (3-0), а Троицки славеше во балканското дерби над Босанецот Џумхур во пет сета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.