Во последните два меча од петтиот ден на светското првенство во ракомет што се одржува во Франција, победи остварија Бразил и Белорусија.
Во групата А Бразил во рамките од третото коло ја забележа и втората победа на овој мундијал победувајќи ја селекцијата на Јапонија со 27-24.
Јапонците успеваа одолеат се некаде до 20. минута, кога резултатот за последен пат беше нерешен (9-9), за да Бразил на паузата од полувремето замина со позитива од +2 (14-12). Во вториот дел Бразил само мудро ја градеше предност, за на крај конечна победа со резултат од 27-24. Лангардо со 8 гола беше најефикасен во победничката селекција, додека кај Јапонија прво име беше Токуда, кој зад своето име запиша 7 погодоци.
Белорусија по поразот од Чиле, во второто коло во групата Ц не дозволи нова сензација иако за такво нешто сериозно се закануваше и Саудиска Арабија коај на крај е совладана со 26-29. Азијците иако во текот на целиот меч беа во негатива, постојано му дишеја во вратото на противникот и беа често на негатива само од еден гол. Сепак искуството и квалитетот на Белорусија во финишот пресуди за прва радост на Мундијалот.
До победата Белорусија ја предводеше Пукховски со 9 гола, додека кај поразената селекција со 7 погодоци најефикасен беше Алсалем. Од овој меч вреди да се издвои дека правдата ја делеше македонската судиска двојак, Начевски-Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.