Не планираме да формираме влада по секоја цена. Особено не за оние клучни прашања, како менување на Уставот. Нема да го менуваме Уставот по никоја цена, особено не за воведување двојазичност на територијата на државата. Ние немаме мандат од нашите граѓани за тоа да го направиме, вели во интервјуто за Канал 5, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
– СЈО во изминатиот период видовме колку е политизирано. Мандатот и надлежноста на СЈО ќе ги испочитуваме но нема да влегуваме во политички инжињеринг. Очекувавме дека спротивставените позиции по овие прашања со ДУИ може да претставуваат отежнувачки фактор во формирањето влада. Очекувам во текот на следната недела ВМРО ДПМНЕ официјално да ги почне преговорите со ДУИ за состав на нова влада. Дали ќе успееме ќе се знае на истекот од законскиот рок – 29 јануари.
Милошоски вели дека зачудува тоа што изминатите две недели СДСМ имаат став за загадувањето, увозот на струја и други прашања но не и за главната тема – Платформата на албанските партии. Партијата на Заев преку свои експерти праќа сигнал дека за нив е се прифатливо само да дојдат на власт – вели Милошоски.
– Платформата е постизборна на неколку партии на македонските Албанци во Република Македонија и тоа што ние го забележува беше начинот на кој таа е создадена. Пред се, без разлика на содржината на Платформата, многу е непринципиелно кога премиер на соседна, трета држава се меша преку учество во таа Платформа во внатрешно политичките работи на друга држава и тоа е спротивно на меѓународното право и на самите Декларации на ОН за почитување на суверенитетот на сите земји членки на ОН. Ние имавме пред две години една политичка криза во Македонија и е надвор од правилата на игра таа политичка криза некој да ја искористува и преточува во меѓуетничка криза за компензирање на одредени прашања кои можеби се приоритет за две, три партии, но не и за сите граѓани на Република Македонија. Тоа јасно го кажавме, ќе се обидеме да создадеме влада која ќе ја отсликува реалноста на гласачите преку нивната волја на изборите, истакнува Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)