Андреј Жерновски е пример за лажна грижа за своите граѓани. Наместо да се грижи и реализира проекти, тој на најнедомаќински начин ги троши парите на центарци, истакна на денешната прес-конференција Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од прес-конференијата на Јакимовска:
Граѓаните не можат да си поверуваат на своите очи дека за две преуредени улички вкупно долги 370 метри, нивниот градоначалник потрошил 1.2 милиони евра. Очигледно, Жерновски нешто крие или пак се работи за сомнителни бизнис зделки.
Неодговорноста на Жерновски ги занемарува реалните проблеми на центарци.
Додека граѓаните имаат сериозни проблеми како недостиг на места во градинките, неасфалтирани улици во 21 век, проблеми со чистењето на снегот, недостиг на паркинг места за автомобилите и многу други работи, Жерновски им пружа уживање од 1.2 милиони евра на боемските улици пропратено со тамбураши и забави од типот на Стив Аоки кои чинат 100-тина илјади евра, а никогаш не настапи.
Лагите и слаткоречивите фејсбук статуси на Жерновски веќе не проаѓаат кај граѓаните. Очигледно е дека Жерновски во ниту еден момент не работел во функција на граѓаните.
Жерновски да беше одговорен градоначалник, наместо боемски улици, тој со истата сума пари ќе можеше да реши многу проблеми на граѓаните.
Ќе изградеше најмалку 6 градинки во кои ќе се сместеа околу 600тини деца, кои во просек чинат околу 200.000 евра една.
Ќе изградеше ново модерно училиште по теркот на училиштето Невена Ѓорѓиева Дуња во Кисела Вода кое чини околу 70 милиони денари.
Ќе ги гасифицираше сите училишта во општина Центар, ако земеме во предвид дека гасификацијата на една огромна болница како 8-ми Септември чини околу 150.000 евра.
Ќе го решеше проблемот со паркирањето во општина Центар и немаше да има недостиг на паркинг места за автомобилите.
Ќе ги асфалтираше сите неасфалтирани споредни улици кои им го отежнуваат движењето на граѓаните.
Граѓаните на Општина Центар на пролет ќе стават крај на ова незаинтересирано и боемско владеење на Андреј Жерновски. Тој не е заинтересиран да ги реши нивните проблеми. Единствено е заинтересиран да си пружи себе уживање со отворање на боемски улици, тамбураши и скапи ди-џеи кои не настапуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)