| четврток, 6 декември 2018 |

Не се опуштајте премногу – доаѓаат нови врнежи од снег и дожд

снег2

Македонија од утре ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса, која во наредните денови ќе предизвика претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни подрачја од дожд и снег.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови. Пообилни врнежи се очекуваат в среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top