| четврток, 6 декември 2018 |

Пакистанскиот Хулк: Арбаб има 450 кила, секој ден јаде по 4 кокошки, 36 јајца и пие пет литри млеко

Пакистанецот Арбаб Кизер Хајат со прекар Хулк за себе тврди дека е најмоќниот човек во светот. Тој има само 25 години и внесува по 10.000 калории дневно со цел да ја одржи својата телесна тежина, околу 450 ликограми, што е за четири пати поголема од националниот просек во Пакистан.

Вели дека секој ден јаде по 36 јајца и четири кокошки, а во текот на денот пие по пет литри млеко. Овој млад човек сонува да стане шампион во подигање на тешки предмети, но исто така и борец во рамки на WWE федерацијата.

hulk

Дека е на добар пат во остварувањето на своите желби говори и фактот дека тој може да подигне трактор и тоа додека седи.

– Сонувам да станам шампион. Благодарен сум му на Бога што ми даде вакво тело. Прашање на време е кога ќе се појавам на светската сцена, вели Арбаб.

Во шампионатот што се одржа во Јапонија успеал да подигне повеќе од 4.500 килограми, што е за десет пати повеќе од вообичаената тежина која се крева во натпреварувањата на најсилните луѓе на планетата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top