На тренингот пред денешната спуст трка во женска конкуренција на патеката Алтенмарк во Австрија се случија две несреќи, во кои со повреди се здобија Надја Фанкини и Викторија Регензбург.
На самата патека во текот на тренингот имаше лоши услови, со снег, магла и ветер. Италијанката ја загуби контролата некаде на средината на патеката, а се претпоставува дека страдаше нејзиното колено. Веднаш со хеликоптер таа беше префрлена во болница. По кратка пауза тренингот продолжи, па следеше нов пад, овој пат на Викторија Регензбург, која во солзи извикуваше дека го повреди коленото. Дополнително медицинските прегледи ќе покажат дали е доведена и сезоната во прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)