| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс нема притисок од рекорите пред почетокот на Австралија опен

Tennis Australian Open 2016

Американската тенисерка Серена Вилијамс секогаш е меѓу фаворитките за освојување на трофејот на гренслем турнирите, па не е поинаку ниту пред годинашното издание на Австралија Опен. Иако веќе не е најдобра во светот според ранкингот на ВТА – листата, таа е дефинитивно најмаркантната фигура во женскиот светски тенис во изминатата деценија. Досега има освоено 21 гренслем титули, од кои шест во Мелбурн. На Серена и недостига само уште еден трофеј за да го достигне остварувањето на легендарната Германка Штефи Граф.

Во 2015 година, таа освои три титули од четирите гренслем турнири во една сезона, но загуби во полуфиналето на УС Опен од Роберта Винчи. Минатата сезона, го освои само Вимблдон. А оваа година на Австралија Опен во првото коло ќе се сретне со Швајцарката Белинда Бенчиќ, која беше меѓу Топ-10 во светот, пред да се повреди минатата сезона.

– Не дојдов да испаднам во првото или во второто коло. Знам дека Бенчиќ е добра тенисерка, младоста секако е на нејзина страна. Но, јас ќе се трудам да го дадам најдоброто од себе. И морам веднаш да кажам дека не сум опседната да ја достигнам Штефи Граф. Знам дека медиумите сакаат да пласираат такви приказни, меѓутоа јас излегувам на теренот за да го играм најдобриот тенис, а не да размислувам дали ќе успеам да освојам уште најмалку еден гренслем трофеј“, изјави Серена Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top