Актерката Мирјана Карановиќ без заддршка и со многу емоции проговори за своите избори кои често не биле лесни или едноставни. Таа раскажала зошто не се остварила како мајка.
-Кога бев помлада, бев уверена дека ќе имам деца, маж и семејство, но животот ме одведе на друга страна. На тој пат се откривав себе си. Доживеав големи љубови и со тие мажи сакав деца, но тоа не се реализираше. Војната и 90 години ги расипаа моите планови. Потоа се тргна во друга насока – објаснила Мирјана.
-Не можам да кажам дека намерно не се остварив како мајка. Тоа не беше мој план. Сепак својот капацитет некого да сакам и воспитувам го пренасочив во друг правец. Немам деца, но имам ученици, како и деца во семејството на кои сум им тетка, баба. Просто мислам дека мојот живот не е промашен бидејќи немам деца – рекла Мирјана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.