Мирјана Антоновиќ, која на јавноста и е позната по тоа што тврди дека има вонбрачен син со Мирослав Илиќ, откри детали за тоа како била лажно обвинета и пратена во затвор, а потоа и во лудница, после разводот од првиот сопруг, сопственик на една модна куќа со кој има ќерка и син.
Сопругот постојано ја следел и и ги прислушкувал сите телефони, а кога решила да се разведе од него, како што раскажува, наместен и е заговор така што нејзина пријателка и дава пасош и кредитна картичка и ја моли да дојде во Швајцарија и да и купи дукати, кои таа подоцна би ги продала, бидејќи и требале пари.
Долго се колебала и кога се согласила на тоа, отишла во златара, каде купила дукати, меѓутоа истиот миг кога излегла од дуќанот, ја уапсила полиција под обвинение дека провалила во домот на својата пријателка од каде и го украла пасошот и кредитната картичка.
-Во почетокот се надевав дека сето тоа е недоразбирање и дека брзо ќе заврши, меѓутоа кога решетките на ќелијата се затворија и кога седнав на кревет, сфатив дека таму ќе останам – искрено се исповедала Мирјана.
Периодот поминат во затвор, Мирјана го опишува како вистински пекол. И било нудено да потпише признание дека го обила станот на пријателката и ја ограбила, но таа одбивала. Еден ден и дале апче од кое почнала да халуцинира, по што ја однеле во лудница.
-Ме успиваа со инекции бидејќи одбивав да пијам лекови, а потоа ми правеа електрошокови- се присетила Мирјана.
После пеколот од 6 недели, кој го поминала во лудница, нејзината сестра успеала да ја извади оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.