| четврток, 6 декември 2018 |

Најчевска за исказот на полицајката: Ова е и срамно и жално и понижувачки!

-Ова е и срамно и жално и понижувачки. Па добро бре како да очекувам дека ќе ме заштитите ако немате сила сами да се заштитите. Како да ве ценам ако не се цените самите себе. Како ќе го заштитите моето достоинство, ако не го штитите ни сопственото – пишува на својот Фејсбук профил професорката Мирјана Најчевска по исказот на полицајката дека се самоповредила.
-Сама се удрила при повлекување. Тоа значи дека имало сериозна закана и таа морала да бега и да побара засилување. Во најмала мера требало да заврши напаѓачот во полициска и да си одседи таму 24 часа и да биде испрашуван и потоа кривична и највисока казна. Не. Вие се силите на професори и новинари и на луѓе од маргинализираните групи, а насилниците со партиски и државни функции тепаат и се закануваат и рекетираат и …
Срамно и жално и уште некои ликови бранители на ликот и делото на актуелната власт ми објаснуваат и ми продаваат пуфки.
Жално луѓе, жално и срамно – пишува Најчевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top