Иако секоја година телевизиите снимаат барем по 30 часа новогодишна и празнична програма со пејачи и песни, особено во соседна Србија, медиумите во земјата денеска реагираат заради изборот на програмата на Гранд телевизија пуштена синоќа.
На стара Нова Година, или како ја нарекуваат „српска“ Нова Година, на телевизијата на полноќ „пеела“ трагично убиената пејачка Јелена Марјановиќ. Таа програма била снимена на крајот на 2015 година, а делот кој сега бил емитуван не бил емитуван. Во најголем дел од снимката таа играла во преден план, додека нејзините колеги пееле, за потоа да отпее и дует со нејзик колега.
Дел од медиумите се обидела да добие став или коментар од медиумската куќа, но безуспешно. Но, реагирал сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ.
-Благодарам на Гранд што ги емитува снимките со Јелена, за да не биде заборавена. Само злобните јазици бараат тоа да не се случува, јас на тоа не гледам така. Јас со Гранд имам долгогодишна соработка, тие многу и помогнаа на Јелена и нејзиното враќање на сцената. Секоја нова песна која ја создадов за неа Гранд и ја промовираше максимално. Да не беше Гранд, ниокогаш немаше да бидат овековечени нејзините последни песни и емисии, што нам, како нејзино семејство и фанови, многу ни значи како спомен кој останува после неа- вели сопругот на Јелена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!