Интер ја продолжува победничката низа во Серија А. „Нероаѕурите“ го совладаа Киево со 3-1, иако имаа негатива по првото полувреме. Пелисие со одличен удар со глава по коренерот од левата страна ги доведе гостите во водство во 34.минута од средбата,
Но, во вториот дел Интер се разигра и постигна три гола. Икарди во 69.минута го израмни резултатот, Иван Перишиќ донесе водство во 86.минута, а Едер го потврди триумфот во судиското продолжение од мечот.
Со новата победа Интер се искачи на петтото место на табелата во Серија А лигата со само пет бода заостанување зад Рома која се наоѓа на место кое води директно во Лигата на шампионите следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)