| четврток, 6 декември 2018 |

Прекинато финалето на купот на Македонија во фудбал

Поради националистички извици по само десетина минути игра вечерва е прекинато финалето на купот на Македонија во фудбал.

Играчите на екипите финалисти Шкендија и Тетекс и двете од Тетово во моментов се во соблекувалните откако главниот судија на натпреварот Ставрев по консултација со делегатот на мечот одлучи да го прекине натпреварот поради националистички извици на трибините.

Само неколку илјади навивавачи од навивачките групи Балисти и Војводи го следат мечот на арената Филип Втори во Скопје.

Една од мерките што можат да се преземат во вакви случаи е празнење на трибините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top