| четврток, 6 декември 2018 |

Челси го растури актуелниот шампион (видео)

celsi

Лидерот на табелата Челси се врати во победнички ритам во Премиер лигата. По поразот од Тотенхем, тимот на Антонио Конте славеше со 0-3 на гостувањето кај актуелниот шампион Лестер.

Иако ослабени без најдобриот стрелец Диего Коста, кој има несогласувања со клубот, и не беше повикан за ова гостување од менаџерот Конте, сепак, „сините“ ја одработија задачата на совршен начин.

Левиот бек Маркос Алонсо ги постигна првите два гола за Челси на овој меч, а Педро стави точка на триумфот со погодокот во 71.минута, за конечни 0-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top