| четврток, 6 декември 2018 |

Имигранти го запалија Стокхолм (фото)

Втор ден траат немирите во главниот град на Шведска кои избувнаа откако полицијата уби човек во предградието на Стокхолм.

stokholm

Портпаролот на полицијата соопштил дека во само во последните 24 часа биле запалени 30 возила во шест приградски населби во кои претежно живеат имигранти. Денеска инцидентите се прошириле во јужните делови на градот.

Полицијата привела седум осомничени за хулиганство, откако група од околу 60 млади луѓе палела автомобили, кршела прозори и го запалила културниот центар во едно предградие.

stokholm2

–       Важно е да се има предвид дека палењето автомобили во соседството не е пример за слобода на говор, туку тоа е хулиганство, рекол шведскиот премиер.

stokholm3

Антиимигрантски настроената партија на Шведски демократи денеска оценила дека немирите се резултат на „неодговорна“ имиграциона“ политика и дека никогаш порано како денес не биле трошени толку многу пари на предградијата полни со имигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top