Втор ден траат немирите во главниот град на Шведска кои избувнаа откако полицијата уби човек во предградието на Стокхолм.
Портпаролот на полицијата соопштил дека во само во последните 24 часа биле запалени 30 возила во шест приградски населби во кои претежно живеат имигранти. Денеска инцидентите се прошириле во јужните делови на градот.
Полицијата привела седум осомничени за хулиганство, откако група од околу 60 млади луѓе палела автомобили, кршела прозори и го запалила културниот центар во едно предградие.
– Важно е да се има предвид дека палењето автомобили во соседството не е пример за слобода на говор, туку тоа е хулиганство, рекол шведскиот премиер.
Антиимигрантски настроената партија на Шведски демократи денеска оценила дека немирите се резултат на „неодговорна“ имиграциона“ политика и дека никогаш порано како денес не биле трошени толку многу пари на предградијата полни со имигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





