| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени во сообраќајка на излезот од Струмица

Сообраќајна несреќа меѓу возило „БМВ 316“ со бугарски национални ознаки и работна машина за сечење дрва, управувани од струмичаните Т.П.(32) и Е.Ш.(31), се случила вчера попладне на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на излезот од Струмица пред бензинската пумпа.

Како што информира денеска МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ш. и сопатникот Д.А.(31) од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар-Струмица. Е.Ш. бил задржан на понатамошно лекување, а Д.А. е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото извршила екипа од ПС за БПС-Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top