Поминаа точно две децении од снимањето на филмот „Убавите села убаво горат“ (“Lepa sela, lepo gore”) на Срѓан Драгојевиќ работен според приказната на Вања Булиќ. Филмот бргу стекна статус на култен, а постојат многу нешта за него кои до скоро беа непознати.
– Војниците кои се појавуваат во филмот не се статисти, туку биле вистински униформирани лица. На еден од војниците продукцијата му останала должна една дневница, па тој се појавил на сетот со кашикара и се заканувал дека ќе се разнесе ако не му ги исплатат парите. Дневницата била 20 марки.
– Никола Пејаковиќ Колја паузите на снимањата ги поминувал со деминерите кои оделе на секоја локација пред екипата за да проверат дали пред нив има мини.
– Сцената во која Пејаковиќ и Драган Бјелогрлиќ играат кошарка одвај била снимена бидејќи Колја бил пијан. За да го прослават успешното завршување на снимањето на сцената, се фотографирале во свињарник, но Колја на тоа воопшто не се сеќава.
– Бидејќи снимале во воена област морале да соработуваат со воените главешни од кои некои завршиле во Хаг.
– Тешко е да се зборува денеска за тоа, тоа не беше нормално снимање. Главите не ни беа нормални. Не беше норламна ситуацијата, а главите не ни беа исти како овие денес. Никому од нас, изјавил Никола Пејаковиќ=Колја косценарист и актер за „Мондо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)