Македонскиот фудбалски интернационалец Влатко Гроздановски до крајот на сезоната ќе игра во iранскиот клуб Персеполис од Техеран.
Засега не се открива висинната на трансферот на повремениот 29-годишен репрезентативец, кој во Иран се пресели од кинескиот клуб Лајонинг.
Договорот е потпишан вчера откако Гроздановски успешно ги поминал медицинските тестови.
Тој е третиот странец во екипата на Персеполис, покрај Бразилецот Нилсон Кореја и Србинот Марко Перовиќ.
Претходно Гроздановски играл за Цементарница и за Вардар, а последниве месеци, покрај можноста да се врати во Вардар, во игра беше и договор со бугарскиот клуб Ботев од Пловдив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“